Description
Кариерното советување претставува процес во кој клиентот добива можност да ги истражи своите идни кариерни потенцијали, да разреши кариерна криза, да се пронајде себе во својата идеална кариера во дадениот момент и да донесе одлука заедно со преземање на акција во својата реалност во која тој ќе биде среќен, исполнет и задоволен. Кариерното советување може да биде наменето за ученици кои треба да го одберат своето идно средно или високо образование, за клиенти кои сакаат да го променат своето работно место или да направат целосна промена во својата кариера, како и за оние кои имаат дилеми поврзани со нивниот моментален развој на кариера.




