Програм за женска сексуалност
Добредојдовте на програмот за женска сексуалност. Овој програм е патување кон враќање во телото, уживањето и природната женска сила.
Програмата има за цел:
-да ја ослободи женската сексуална енергија од срам и вина,
-да создаде внатрешно чувство на безбедност, интегритет и достоинство,
-и да ја поттикне жената да ја живее својата целовитост – тело, срце и дух во единство.
Програмот за женска сексуалност започнува на 12.11.2025 и ќе се одржува:
8 недели, еднаш во неделата, секоја среда од 19.00 до 21.00 часот.
Само последниот модул ќе се одржи во понеделник на 24.12.2025
Модул 1: Женската сексуалност низ животниот циклус и што се влијае на нејзиниот развој
Теми на модулот: како се формира сексуалноста од рана возраст, митови, социјални норми, историски религиозни и општествени влијанија, порнографија, вина и срам.
Главна активност: Кои се моите верувања за моето тело и како ги стекнав?
Рефлексија: Што значи за мене сексуалноста?
Модул 2: Контакт со телото
Теми на модулот: телесни сензации, болка и задоволство, граници, дозвола да се чувствува, автономен нервен систем, телесен одговор на возбуда и стрес
Вежби: телесна медитација, допир со внимание (self-touch и граници)
Активност: Карта на моето тело
Модул 3: Анатомија на вагината, женска возбуда и оргазам
Теми на модулот: анатомија на вагината и клиторисот, женскиот циклус на возбуда, пад на либидото, поттикнувачи и блокади на женската возбуда, спектар на оргазам
Активност: Мојата карта на сексуална возбуда
Рефлексија: Што правам и како се однесувам кога сум сексуално возбудена?
Модул 4: Срам и вина во сексуалноста
Теми на модулот: Културни и семејни пораки, потиснување на сексуалноста, трауматични искуства, телесен изглед
Активност 1: Идентификација на гласовите што ги донесуваат срамот и вината
Активност 2: Давање дозвола на сексуалноста да излезе од мене
Модул 5: Интимност и емоционална поврзаност
Теми на модулот: разлика меѓу секс и интимност, чувство на безбедност, доверба, секс без обврски, манипулирање со сексуалноста,влијание на конфликтите врз сексуалноста
Активност: Градење чувство на безбедност во себе
Рефлексија: Што значи да бидам видена во интимноста
Модул 6: Женски идентитети и арехтипови
Теми на модулот: девица, љубовница, мајка, сопруга, како се поврзуваат и како влегуваат во конфликт овие идентитети, моментален доминантен идентитет
Активност: Движење низ 4те главни архетипови
Рефлексија: Кој архетип ме отсликува?
Модул 7: Комуникација и граници во сексуалните односи
Теми на модулот: кога да се комуницира асертивно во односот, граници ДА/НЕ, што и како да побарам за себе
Активност: Сценарија за поставување граници, асертивност и/или заведување
Модул 8: Интеграција: Моето сексуално „јас“
Теми на модулот: што научив, кои блокади се растопија, како сакам да живеам мојата сексуалност
Активност: ритуал за затворање (симболично пуштање на старите ограничувања)
Рефлексија: Мојот пат кон задоволство и интегритет
Цена на целиот програм: 250 евра (можност на плаќање на две рати)
Индивидуални сесии
Индивидуална терапевтска сесија претставува професионален разговор меѓу терапевтот и клиентот за одреден проблем поради кој клиентот се обраќа за помош. Разликата меѓу обичен разговор со пријател и професионален разговор со терапевт е во тоа што терапевтот, преку поставување на соодветни, објективни професионални прашања кои се научно утврдени и употреба на терапевтски техники му помага на клиентот да дојде до решението на својот проблем.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
*Процесот на посета на индивидуални сесии е со различно времетраење кај секој клиент, зависно од природата на проблемот. Интензитетот на посетите се одвива според интерен договор меѓу терапевтот и клиентот. Терапевтската
индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
Групна терапија
Групната терапија, за разлика од индивидуалната се одвива во присуство на поголем број луѓе(обично меѓу 4-8). Динамиката на групната терапија се одвива еднаш во неделата по три часа. Во групната сесија членовите работат индивидуално на себе со терапевтот, но и се задаваат бројни вежби во интеракција меѓу членовите, кои не можат да се изведат во индивидуален сетинг. Терапевтот употребува различни техники за работа во групна терапија меѓу членовите.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
За разлика од индивидуалната терапија, групната терапија е поефтина и клиентот добива можност за забрзан процес на личниот развој, како и за решавање на проблемите, преку личните увиди и увидите на другите членови. Во групната терапија постои строга дискреција меѓу терапевтот и членовите на групата. Сите процеси што се одвиваат во групата, остануваат внатре во групата. индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
семејна сесија
Во семејната сесија, семејството се гледа како целина. Во целината се истражува проблемот, кој претставува слаба карика во односите меѓу членовите и на кој начин различни симптоми од проблемот се манифестираат меѓу членовите.
Терапевтот работи на комуникацијата, емоционалната и духовната поврзаност меѓу членовите во семејството, со цел подобрување и развој на меѓусебниот однос. На тој начин се зголемува квалитетот на заедничкото живеење.индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
сесија за пар
Психотерапијата за парови претставува ефективен начин за паровите кои се соочуваат со одреден проблем да го истражат подлабоко потеклото на проблемот, како и да ги разрешат симптомите кои излегуваат на површина од проблемот во нивната вербална комуникација, емоционална, духовна и/или сексуална поврзаност.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
Во текот на сесиите, преку употреба на различни терапевтски прашања и техники, паровите доаѓаат до увид за своите улоги и одговорности во врската. Често добиваат домашни задачи, како и насоки со цел подобрување на взаемниот одност на секое ниво.
психодијагностика
Психодијагностиката претставува краток процес на проценка(најчесто во една сесија) преку задавање на соодветни психолошки инструменти(во форма на тестови) на клиентот со цел да се направи анализа на неговиот/нејзиниот профил на личност.
Од добиениот профил на личност се добиваат важни податоци кои му се потребни на терапевтот за креирање на понатамошен план за работа со клиентот. Планот на терапевтот се состои од проценка на потребата за вклучување додатна психијатриска помош и медикаметозна терапија, како и примена на најсоодветниот терапевтски начин на работа.
Индивидуална сесија со дете
Индивидуалната сесија со дете се одвива преку терапија низ игра во посебна просторија наменета само за игра. Пред почетокот на индивидуалната терапија со дете, терапевтот разговара со родителите за природата на проблемот со кои се соочуваат и се утврдуваат целите кои е потребно да се остварат од посетата на психотерапијата.
Сите проблеми со кои се соочуваат луѓето се одвиваат на четири нивоа: когнитивно, емоционално, телесно и духовно.
При процесот на работа на себе клиентот добива можност да ја увиди поврзаноста меѓу нивоата и последиците од проблемот на секое ниво. Исто така со сигурност ќе ја почувствува придобивката и олеснувањето од разрешувањето на проблемот кое ќе го однесе на следното ниво на развој.
После секоја остварена сесија со детето, терапевтот разговара со родителот за напредокот на детето, добива психолошко советување и насоки за понатамошно подобрување. индивидуална сесија се одвива во строга дискреција, пропишана со етичкиот кодекс на психолошката дејност.
Развојна проценка на деца до седум години
Развојната проценка на деца се состои од серија куси задачи кои се задаваат на детето со цел да се утврди уредноста на неговиот/нејзиниот развој, зависно од календарската возраст на детето. Развојната проценка дава податоци за емоционалниот, когнитивниот и психомоторниот развој на детето.
Кариерно советување
Кариерното советување претставува процес во кој клиентот добива можност да ги истражи своите идни кариерни потенцијали, да разреши кариерна криза, да се пронајде себе во својата идеална кариера во дадениот момент и да донесе одлука заедно со преземање на акција во својата реалност во која тој ќе биде среќен, исполнет и задоволен. Кариерното советување може да биде наменето за ученици кои треба да го одберат своето идно средно или високо образование, за клиенти кои сакаат да го променат своето работно место или да направат целосна промена во својата кариера, како и за оние кои имаат дилеми поврзани со нивниот моментален развој на кариера.