ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Една индивидуална сесија трае 60-75 минути

Една семејна или партнерска сесија 75-90 минути

Една детска сесија трае 45-60 минути

Една сесија за кариерно советување трае 60 минути

Групната психотерапија се одвива еднаш во неделата. Трае 3 часа. Бројот на членови може да варира. Групната психотерапија е многу делотворна, посебно за состојби како депресија, анксиозност и панични напади, проблем со социјална интеракција и самодоверба. Групната психотерапија обезбедува високо ниво на поддршка и чувство на сигурност, со што секој член добива чувство дека не е сам во својот проблем.

Со психодијагностиката се прави профил на личноста, се проценуваат капацитетите и колкав е нејзиниот сочуван здрав дел. Тоа му е потребно на психотерапевтот со цел да може да го одреди најдобриот начин на психотерапија за вас и да процени дали е потребна медикаментозна терапија.

Термин можете да закажете со телефонски повик или овде, на нашиот веб сајт, со што купувате сесија преку веб-продавницата

Во првата индивидуална сесија се запознаваат терапевтот и клиентот, се разгледува проблемот на клиентот, доколку постои можност се употребуваат веднаш техники за работа, се прави кусо психолошко советување и се прави договор за понатамошна работа

Работата со деца до 12 години се одвива преку терапија низ игра и цртање

Не, Дора е психолог. Само психијатар може да препишува лекарства. Дора работи психотерапија преку разговор

Не, но со психотерапијата ќе научите како ефективно и самостојно да се справувате со проблемите во животот, со намалено ниво на стрес

Сигурно не подолго од тоа проблемот да го носите со себе целиот ваш живот