ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на Друштво за ментално здравје Дора ДПП Дооел, која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Информации за испорака”, потребно Друштво за ментално здравје Дора ДПП Дооел да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме адреса на живеење доколку нарачувате книга и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Друштво за ментално здравје Дора ДПП Дооел, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли или цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и Друштво за ментално здравје Дора ДПП Дооел воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

Друштво за ментално здравје Дора ДПП Дооел ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвиден и во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.

 

За сите барања и додатн иинформации Ве молиме обратете се на  info@dorapsy.mk  или на  075/310-781