Вебинар: Женска сексуалност
Траење: 2 часа
Цена: 3000 денари
Бонус: 30 минути индивидуален разговор со мене – за сите прашања поврзани со психоедукативниот дел и практичните вежби
Што ќе научиш:
Овој вебинар е патување кон твоето тело, чувствителност и интимна автентичност. Ќе разбереш:
- Контакт со телото – зошто е клучен за присутност во сега и овде, уживање и доверба
- Срам и вина во сексуалноста – како настанале преку трауматичните пораки кои си ги добивала во детството и искуствата и како несвесно те оддалечуваат од твојата природна енергија
- Женската возбуда, оргазам и вагина – психолошка и телесна динамика, анатомија
- Сексуална привлечност, интимност и емоционална поврзаност – како се разликувааат и како се преплетуваат во здрава сексуална енергија
- Комуникација и граници во сексуалноста – како да кажеш „да“ и „не“ од позиција на самодоверба
Како изгледа вебинарот:
Секоја тема комбинира психоедукативен дел и практични вежби кои те поврзуваат со телото и личните доживувања.
Овој вебинар не е само знаење – тој е искуство на враќање кон себе.
Сакаш да се вратиш во контакт со своето тело, својата желба и нежност?
Приклучи се и дозволи си да ја доживееш својата сексуалност како интегритет, а не како табу.
Видео курсеви за самопомош
Секој видеокурс за самопош се состои од 5-8 засебни видеа.
Видеокурсевите за самопомош содржат:
-психоедукативен дел за одредени нарушени ментални состојби;
-примена на вежби и техники за конкретната нарушена ментална состојба со цел полесно и здраво справување или решавање на одреден проблем со кој се соочува личноста во својот живот, како и поттикнување на личен развој на следно ниво;
-пријатни медитации кои имаат за цел создавање на нови психолошки и невролошки основи кај личноста кои ги зајакнуваат нејзините ментални, емоционални и когнитивни капацитети.
Што добивате со одбирањето на видеокурс?
Со купувањето на видеокурс за самопомош добивате временски неограничен пристап до платформата на курсот и со тоа помош која ја носите буквално во својот џеб секој ден во секое време. Снимките може да ги прегледате онолку пати колку што вам ви е потребно. Пожелно е да бидат прегледани по неколку пати, со цел да можете информациите да ги процесирате трајно.
Напомена:
Видеокурсевите за самопомош не се замена за вистинска психотерапија. Тие служат единствено за олеснување, справување и добивање насоки за тоа како личноста да се разбере себеси подобро и да си помогне во одредени ситуации.
Помогни си во справувањето со анксиозноста и паничните напади – од дома или било каде, во твое темпо!
Ако често чувствуваш нејасен страв и немир со забрзано срцебиење, забрзано дишење и препотување,
или можеби те преплавува страв дека губиш контрола и тло под нозете, тогаш
најверојатно, страдаш од анксиозност и панични напади.
Затоа придружи се на онлајн курсот:
„Самопомош при справување со анксиозност и панични напади“
Што содржи курсот?
Психоедукативен дел во четири кратки лекции за тоа што ја предизвикува анксиозноста и како таа се создава;
Четири практични техники за моментално смирување;
Пет водени медитации за промена на доживувањата и градење на нови невронски врски во мозокот.